in

Посна пита со јаболка (за пост на вода)

Потребни состојки:

За тесто:

250 мл мед

250 мл пиво

2 лажици шеќер

Рендана кора од ½ лимон

½ кесичка сода бикарбона

400 г брашно, по потреба

За фил (се мешаат сите состојки заедно):

7-8 рендани јаболка

2 лажици гриз

2 лажици мед

Цимет, каранфилче, мускантно оревче, по малку, според вкус

Рендана кора од ½ лимон

Начин на приготвување:

Се меша медот во пивото додека да се растопи. Потоа му се додаваат останатите состојки, а брашното по потреба се додава, додека да се замеси меко тесто.

Тестото се дели на два дела, а од секој дел се расукува кора. Првата кора се става на плех обложен со хартија, па врз него се реди филот, и најпосле, со помош на оклагијата, се покрива и втората кора. Се боцка неколку пати со вилушка па се пече во рерна на умерена температура, додека да добие златножолта боја.

Одозгора се посипува со ванилин шеќер.

Питата има неодолив мирис!



Прочитајте и...  Посни смокварки

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote