Кујна

Посна оранж-торта

*за 8 лица
*приготвување: 60мин
*печење: 30мин

Состојки:

За кората:
3 чаши (од 2дл) брашно
1 лажица сода бикарбона
1 лажица какао
2 чаши шеќер
2 чаши кисела вода
2 ванили 

За I фил:
6 лажици џем од кајсии
150гр чоколадо 

За II фил:
1л сок од портокал
3 пудинга од ванила
4 лажици густин
250гр маргарин
8 лажици шеќер во прав 

За декорација:
200гр посен шлаг
3дл кисела вода 

Приготвување: 

Кори:

  1. Во соодветен сад се меша брашното со сода бикарбона, какао, шеќер и ванилин шеќер. Се сипува киселата вода и се мати со жица да се добие изедначена смеса.
  2. Правоаголен плех (36х36 цм) се обложува со хартија за печење, па во него се сипува смесата за кора. Се пече во загреана рерна на 180°С, 10-15 мин. На истиот начин од преостанатиот материјал се пече уште една кора. Печените кори надолжно се сечат на полу да се добијат четири кори. 

Фил I:

  1. Се топи чоколадото на пареа, а потоа се меша со џемот од кајсии и се промешува.
Прочитајте и...  Идеални колачиња за Велигден

Фил II:

1. Во тенџере се сипуваат 8 дл сок од портокал и се загреваат до вриење. 

2. Во преостанатиот сок се матат пудингот од ванила и густинот, па се додава во зовриениот сок и се меша додека се згусне.

3. Пенасто се мати маргаринот со шеќерот во прав и се соединува со оладениот пудинг.

Финална постапка:

1. Првата кора се премачкува со 1/3 од филот I, а потоа се нанесува 1/3 од филот II и се прекрива со друга кора. На истиот начин продолжува филувањето додека се потроши материјалот. Последната кора не се премачкува. 

2. Посебно се мати посен шлаг со кисела вода и со него се премачкува тортата.

Најпопуларно


To Top