img 4835

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ


1 Туна сецкана
1 зелена салата
5 до 6 ротквици
1 краставица
50 мл маслиново масло
1 младо кромитче
Сол
сок од лимон (по ваша желба)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА


Најпрво убаво измијте ги сите листови на зелената салата (марулата), и оставете ги да се исцедат. Истите е најдобро веднаш да се користат или да се чуваат најмногу два дена во ладилник. Ротквиците, кромитчето и краставицата измијте ги и оставете ги на страна. Марулата исецкајте ја и ставете ја во сад за салата. Младото кромитче исчистено и измиено, исецкајте го на тенки кругови и додадете го во садот со зелената салата. Ротквичките исто така исецкајте ги на тенки кругови и додадете ги во салатата. Излупената и измиената краставица, исецкајте ја и додадете ја во салатата. На крај додадете ја туната, и посолете по избор. Маслиновото масло можете да го додате и во поголемо количество од препорачаното. Сокот од лимот можете да го додадете по ваша желба, бидејќи тој дава освежителна нота на салатата. Совет: Доколку оваа салата е една од вашите омилени посни салати а притоа сакате да ви биде замена на оброк, можете да додадете двопек кој исто така е одличен извор на енергија а притоа е посен.

Прочитајте и...  Кето диета: Пет вкусни рецепти за ручек
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде