
Потребни состојки:
- 300 гр масло
- 200 гр бело вино
- 1 пециво
- брашно по потреба
- мармалад
- шеќер во прав
Подготовка:
Се замесува тестото од масло, вино, пециво и брашно. Тестото не треба да биде претврдо. Се остава во фрижидер да одмори 30 минути. Се развлекува тенка кора и со голема чаша се сечат кругови, внатре се става по една лажичка мармалад на едната половина, а со другата се преклопува и на краевите се притиска со вилушка за да не истече мармаладот при печење. Се печат 15 минути на 180 степени. Се вадат и додека се жешки се валкаат во шеќер во прав.