
Потребни состојки:
- 2 зрели авокада
- 1 пакување посни шпагети (внимавајте на ознаките и составот)
- Кечап
- 10-12 маслинки
- 2-3 млади кромитчиња
- Сол и др. зачини по желба
Начин на подготовка:
1. Исчистете го двете парчиња авокадо од семките и добро згмечете ги со виљушка или во блендер, како ви е полесно.
2. Додадете го кечапот, исечканите маслинки и ситно сечканиот млад кромид (слободно исечкајте го и белиот дел и зелените перца). Добро измешајте со виљушка.
3. Сварете ги шпагетите според упатството на ќесичката, прецедете ги и додека се топли измешајте ги со подготвениот зелен сос од авокадо.
4. *За малку попикантен вкус може да додадете и неколку капки лимон. Послужете додека е топло.