Кујна

Потпечен крцкав леб со лук готов за 15 минути

Потребни состојки:

1 француски багет или друг леб
2 чешниња лук
70г путер
магдонос по желба
малку сол
други зачини по желба

Начин на подготовка:

Багетот се сече на парчиња со средна големина.

Во кујнски сечко се ставаат магдоносот и лукот. Кратко се блендира.

Се додаваат путерот, солта и другите зачини и повторно се блендира додека се добро не се соедини.

Премачкајте го лебот од едната страна со добиената смеса, наредете го во тепсија на хартија за печење и печете на 190 степени додека не порумени, околу 10 минути.

Послужете и уживајте во крцкавите залчиња!


Прочитајте и...  5 митови за чоколадото

Најпопуларно


To Top