Живот

Потресна приказна на две момчиња: “Мајка ни не напушти и не планира да се врати, кога татко ни е на работа брат ми готви за да јадеме”

Азур и Омер Хусејновиќ, момчиња кои биле напуштени од страна на мајка им, ја раскажуваат својата тага и ја отвораат својата детска душа.

Мајка им со сестра им отишла во Германија, а тие останале да живеат со татко им, раскажуваат во емисијата „Исполни ми ја желбата“.

Престојуваат во колективниот центар Караула, во Живинице ( град во североисточна Босна и Херцеговина, јужно од Тузла) , а покрај тоа што условите за живот се тешки, децата се и неизмерно тажни, осамени и повредени бидејќи нивната мајка заминала и не мисли да се врати.

На овие момчиња Азур и Омер најголема желба им е семејството повторно да биде заедно, а мајка им со нивната сестра да се врати, да ги гушне и бакне.

Прочитајте и...  Здрави грицки за сечиј вкус - грицки КАДАБО
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top