Забава

Потресна животна приказна која се крие зад дизниевата бајка „Убавицата и ѕверот“

Покрај тоа што е наслов на познат дизниев цртан филм, „Убавицата и ѕверот“ претставува адаптирана верзија на вистинска приказна за животот на Петрус Гонславус- човек од Канарските острови, кој пател од така наречениот синдром на врколак.

Приказната за убавицата која се мажи за ѕвер не е плод на фантазија. Ваквата приказна е за прв пат објавена во 1740 година во Франција. Неа ја напишала писателка по име Габриел Сузан де Вилноу според вистински случки и ликови. Вистинскиот ѕвер од оваа приказна е маж по име Петрус Гонславус, роден 1537 година на Канарските острови, кој боледувал од хипертрихоза или синдром на врколак- тогаш непозната и неизлечлива болест.

Кога имал 10 години, Гонславус бил заклучен во кафез и бил пратен во Франција како подарок за крунисувањето на кралот Хенри II. Иако бил заклучен во подрум и третиран како ѕвер, докторите заклучиле дека се работи за нормално дете. Од тука работите почнале да се одвиваат во корист на Гонславус. Кралот одлучил да му пружи образование, но иако кралот немал големи очекувања, Гонславус се покажал како многу добар ученик кој без потешкотии научил да зборува неколку странски јазици и манири на господин. Неговиот напредок се гледа во тоа што успеал да стане угледен член во кралската палата, што значи добивање на сите привилегии на тогашната аристократија.

Прочитајте и...  Студија: 86% од луѓето би раскинале со партнерот којшто не го сака нивното куче

После смртта на Хенри II, францускиот престол го превзема кралицата Катарина ди Медичи, негова сопруга која важела за личност со тежок карактер. Тааод сомнителни причини испланирала венчавка за Гонславус. Приказната што тогаш кружела во кралскиот двор била дека кралицата сакала да го гледа неговиот брак како забава и да се сити на неговите деца кои ќе боледуваат од истата болест. Плановите на кралицата на крај испаднале вистинити. Гонславус се оженил за девојка по име Катарина и со неа поминал 40 години во брак од кој имале 7 деца.

Тоа не бил крајот на неговите предизвици. Четири од неговите деца боледувале од синдромот на врколак, додека пак целото негово семејство било експлоатирано од страна на европските дворови. Парадирале низ кралските палати ширум Европа, па така заработувале за живот. Служеле за потсмев и забава. Неговите потомци доживеале слична судбина. Повеќето од неговите деца биле испратени како подароци на аристократијата и биле третирани како миленици, а не како луѓе.  „Ситуацијата била многу чудна. Не биле ниту слободни, ниту заробени, но биле платени“- објаснува Роберто Запери, италијански историчар и биограф на Гонславус. Иако живееле комотно и имале добар животен статус, Гонславусови никогаш во потполност не биле третирани како луѓе. Петрус Гонславус умрел без последно да го испрати свештеник.

Најпопуларно


To Top