Случувања

Потврден случај на коронавирус во Хрватска

Хрватска го потврди првиот случај на коронавирус на своја територија. Премиерот Андреј Пленковиќ денеска рече дека пациентот е хоспитализиран во болница во Загреб.

„Се работи за помлад човек со лесни симптоми. Тој е во изолација и се наоѓа во добра кондиција во моментов“, рече Пленковиќ.

Министерот за здравство Вил Берош рече дека пациентот бил во италијанскиот град Милано од 19 до 21 февруари.

Прочитајте и...  Полицијата не ги пронашла дома дел од изолираните кумановци

Најпопуларно

To Top