Македонија

Потврдени 180 нови позитивни на коронавирус, 109 од Скопје

Во последното деноноќие направени биле 1.272 тестови за коронавирус, а од нив 180 ce позитивни. Најголемиот број на нови заразени е од Скопје, 109.

Излекувани се 8 пациенти, а 2 починале.

По 48 дена без нов регистриран случај, денес е евидентиран еден позитивен на Ковид-19 во Дебар.

Во Куманово има нови 26, во Штип 15, Тетово 12, Гостивар 8, a во Гевгелија има 2 нови случаи.

Распореден по градови бројот на новозаболени е следен:

– Скопје 109
– Куманово 26
– Дебар 1
– Штип 15
– Тетово 12
– Струга 1
– Велес 1
– Битола 1
– Охрид 1
– Гостивар 8
– Гевгелија 2
– Валандово 1
– Свети Николе 1
– Неготино 1

Со овие бројки, во земјава сега има 1009 активни случаи.

Прочитајте и...  Австралијка собра илјадници евра за да реновира училиште во Македонија

Најпопуларно

To Top