Македонија

Потврдени 7 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на случаи е 1231

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3. 

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.

Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1231 , а последната дистрибуција по градови е:
       Скопје – 411
       Куманово – 340
       Дебар – 51
       Штип-34
       Прилеп –117
       Тетово – 60
       Струга – 55
       Велес – 59
       Битола –17
       Охрид –15
       Кавадарци – 4
       Гостивар –13
       Гевгелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-4
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 28
       Пробиштип – 2
       Кичево – 2
       Неготино -2
       Демир Хисар – 1
       Македонски Брод -2
       Пехчево- 1

Прочитајте и...  Двајца македонски државјани позитивни на коронавирусот

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Преку ИЈЗ –201, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –6  и Систина со PCR метода  -0. Досега во земјата се направени вкупно 12340 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина.
Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.

Најпопуларно

To Top