Повторно се активираше еден од пожарите во велешко, поради ветерот брзо се шири

Центарот за управување со кризи информира дека пожарот кај селото Ораовец денес повторно се активирал.

Истиот вчера беше ставен под контрола, но поради силниот ветер, непристапниот терен и недогаснатите трупци смрека, повторно се активира.

Од РЦУК Велес известени се сите субјекти во СУК, а на терен делуваат повеќе од 50 лица од Противпожарната единица, ДЗС, ЕЛС, Црвен Крст, но поради ветерот тој брзо се шири и тешко се контролира.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.