Пожар во стан на улицата „Рузвелтова“ во Скопје

Пожар избувна денеска во стан на петти кат во зграда на улицата „Рузвелтова“ во Скопје. Со брза интервенција на пожарникарите пожарот целосно е изгаснат, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Во 13:30 часот добивме дојава за пожарот. Интервенирано е со пет противпожарни возила со 15 пожарникари. Пожарот е комплетно изгаснат во 14 часот, рече Симоновски.

Додаде дека се утврдуваат причините за пожарот.

Прочитајте и...  Се роди бебе пони во Зоолошката во Скопје
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.