Пожарот во радовишко се уште е активен и се шири

Пожарот на планината Готен, меѓу селата Покрајчево и Злеово во општина Радовиш, се уште е активен и се шири и покрај напорите да биде изгаснат во изминатите неколку дена.

fire
fire

Според известувањето од Регионалниот кризен штаб во Радовиш, продолжуваат оперативните мерки за негово гаснење, но ситуацијата на теренот е многу сложена поради непристапниот терен.

За денешниот ден ангажирани се 75 лица, од кои 45 од ЈП „Национални шуми” – подружница „Плачковица” – Радовиш, по пет лица од подружниците од Струмица, Штип и Кочани, и 15 пожарникари од ТППЕ Радовиш, Берово и Струмица. Од материјалните средства ангажирани се еден трактор од ЈП „Национални шуми”-подружница „Плачковица”- Радовиш и еден од ЈП „Плаваја” за дотур на вода, информираа од Регионалниот кризен штаб.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.