Познат српски актер зад решетки заради сексуално злоставување на малолетник

Познатиот српски актер Горан Јевтиќ е осуден на 10 месеци затвор поради сексуално злоставување на малолетник кое се случило во Народниот театар во Сомбор, северна Србија.

Јевтиќ (41) првин бил осуден на 10 месеци домашна казна затвор поради недозволени полови дејствија. Но, судот потоа одлучи дека сепак, актерот нема да може казната да ја издржува во својот стан, туку во затвор.

Според судските извештаи, сексуалниот напад се случил 2014 година, над лице кое тогаш имало 16 години. Јевтиќ за време на забавата по манифестацијата Театарски маратон, во доцните вечерни часови го принудил оштетениот на орален секс.

Јевтиќ ги негираше овие наводи, а откако за случајот дозна цела јавност, некои негови колеги актери застанаа во негова одбрана.

Прочитајте и...  Со тешки операции разделени сијамските близначки Валентина и Христина од Загреб
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде