Позната порноактерка пронајдена мртва во својот дом

Ѕвездата на филмовите за возрасни, Џесика Џејмс почина на 40-годишна возраст. Aмериканката актерка и модел била пронајдена во несвесна состојба од страна на нејзиниот поранешен сопруг во нејзиниот дом во Лос Анџелес, кој бил да ја провери, откако таа со денови не му одговарала на повиците.

Лекарите од Брзата помош на лице место ја прогласиле за мртва.

Извор од полицијата за американските медиуми, вели дека причината за смртта засега не е позната, а истрагата е сè уште во тек. Полицијата, исто така, во нејзиниот дом пронашла бројни антидепресиви кои актерката ги користела поради психичките проблеми.

Со вистинското име Џесика Рединг, во порно-индустријата влегла во 2002 година. Како уметничко име го избрала своето вистинско име и името на нејзиниот тогашен љубовник Џејмс. Тогаш имала 26 години, а на пазарот се пробила на 28 години кога потпишала договор со една од најголемите порнографски мрежи „Hustler“. Во 2005 година ја добила наградата на магазинот „Hustler“ – „Honey of the Year“.

Прочитајте и...  Хајди Клум тајно се омажи со 17 години помлад гитарист

Џесика во својата кариера глумела во повеќе од 200 филмови за возрасни, а имала и своја интернет страница со ексклузивна содржина. Се појавила и во шоуто на Хауард Стерн.

Учела на воениот институт Њу Мексико во Росвел, пред да запише и заврши факултет. Три години била учителка од четврто до шесто одделение, пред да стане актерка во филмовите за возрасни.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за