Познатата водителка покажа како изгледа неколку минути по естетските корекции: Нема да ја познаете, но има многу важна порака

За разлика од многу јавни личности кои кријат дека прават естетски корекции, водителката Душица Јаковлевиќ зборува отворено за истото.

Имено, таа одлучи да го „освежи“ лицето непосредно пред „Задруга 3“ за да може публиката да ја види од 6-ти септември во најдобро можно издание.

Душица откри на социјалните мрежи низ какви третмани поминала.

-Честопати, девојките и жените се одлучуваат за естетски процедури по што се сини, отечени, не можат да излезат надвор, се кријат неколку дена, така што никој не може да ги види. Ова е како изгледам јас еден час по засенчувањето на веѓите и пет минути по интервенцијата со ботокс во пределот на челото и корекцијата на усните. Многу е важно да ги изберете луѓето што можат да си ја завршат работата, особено кога зборувате за интервенции на лицето. Лицето ни е лична карта, рече Јаковлевиќ.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.