Серијата која го освои регионот наскоро се враќа на малите екрани. Втората сезона од „Сенки над Балканот“ е достапна, а во улогата Јосип Броз Тито се појавува Милош Биковиќ, познат по двата филма и серијата „Монтевидео“, исто така режирани од Драган Бјелогрлиќ.
Биковиќ ќе го игра младиот Тито, а главните дејствија со Маршалот ќе се случуваат во третата сезона.
Го играм Тито пред да стане оној Тито што сите го знаеме, што ми дава слобода околу ликот, откри Биковиќ.
