Случувања

Познато со што ќе се занимаваат Хари и Меган по официјалното повлекување од кралските должности

Принцот Хари и Меган Маркл планираат да основаат хуманитарна организација за помош на повредените ветерани и ветераните бездомници. Војводата и војвотката од Сасекс сакаат да им помогнат на поранешните војници, како во Велика Британија така и во САД.

„Мирор“ пишува дека Хари и Меган сакаат да го решат проблемот со бездомништвото и потешкотиите поврзани со здравствената нега на поранешните војници.

Новата хуманитарна организација ќе биде нивниот прв потфат откако во јануари најавија дека ја напуштаат кралската должност и заминуваат во Канада, а извори велат дека кралицата со воодушевување ќе ја прифати иницијативата за помош на воените ветерани.

Хари и Меган во понеделник ќе ги извршат последните официјални должности пред формално да се повлечат кон крајот на овој месец.

Во недела тие ќе ја придружуваат кралицата на црквена служба во Виндзор и тоа ќе биде прапат Меган и Кралицата Елизабета Втора да се видат по најавата за повлекување во јануари.

Прочитајте и...  Германија: Одобрено прво тестирање вакцини за Ковид-19 врз луѓе

Најпопуларно


To Top