Занимливости

Правила за љубов во 40-тата година

Кој би претпоставил дека ќе бидете толку пребирливи и нема да успеете да ја најдете правата личност до својата 40-та година? Денес, доколку сте слободни, а имате навршено 40 години, тоа само значи дека сте биле внимателни и не сте влетале во бракот само колку да бидете оженети/омажени – токму како што треба!

Ако штотуку сте излегле од долга врска и веќе сте подзаборавиле како да се однесувате на ‘самостојниот’ пазар, еве неколку корисни предлози:

1. Мислете позитивно

Можеби не сте среќни со бројката која ја имате?! Но, ако имате цврсто тело, добрина и смисла за хумор, зарем не треба тоа да го истакнете?

2. Размислете што сакате

Барате краткорочна забава или сте подготвени за сериозна врска? Однапред дефинирајте што барате бидејќи така ги зголемувате шансите тоа и да го добиете!

3. Без дискриминација!

Имајте ги во предвид и малку постарите жени и оние помладите. Немојте да одите според некој сторого одбрани критериуми, не знаете каде ќе го најдете она што вам ви треба.

4. Однесувајте се соодветно на годините

Да бидеме искрени. Куси и припиени панталончиња можеби одлично изгледаат на тинејџерки, но вас нема да ве подмладат. Кога бирате облека, изберете ја онаа која најповеќе ви прилега, ниту за млади, ниту пак за стари лица.

5. Бидете искрени и свои

Бидете искрени за тоа кои сте, што сакате, а што не. Немојте да се обидувате да бидете ни ништо повеќе ниту помалку од она што сте.

6. Не се сожалувајте

Прочитајте и...  Порта до пеколот: погледнете ја огромната дупка во пустината што гори скоро 50 години (ФОТО+ВИДЕО)

Навлегувањето во 40-тата не е воопшто трагичен настан за оние кои се уште се сами. Верувајте, постојат многу луѓе кои се 40 години во бракот, но се несреќни, само затоа што влетале во него пребрзо.

7. Бидете директни

Времињата се променија. Не треба да седите дома и да чекате некој да ве повика. Во ред е, а и повеќе – очекувано е вие да го направите првиот чекор.

8. Пробувајте нови работи

Правете работи кои никогаш порано не сте имале шанса да ги направите. Ризкувајте, забавувајте сте, ќе се чувствувате подмладено, енергично и свежо.

9. Барајте помош

Кажете им на пријателите и членовите на семејството слободно да ве запознаваат со личности за кои не сте ни опмислувале дека би можеле да се сложувате.

10. Не се задоволувајте со помалку

Ако излегувате со некој само затоа тоа што повеќе би сакале да бидете со било кој отколку сами, можеби и другата страна така се чувствува. Ако не сте совршено среќни и задоволни, продолжете со потрагата.

Најпопуларно


To Top