Случувања

Пред останатите е силен и мускулест маж, пред ќерка му како мало дете: Ова видео на Двејн Џонсон ќе ве воодушеви

Актерот и професионален борач Двејн Џонсон, попознат како „Карпата“ ги воодушеви обожавателите со најновиот пост на Инстаграм во кој е покрај својата ќеркичка.

Во видеото тој зборува за социјалната изолација и ги мие рацете на ќерка му, додека во исто време ја пее песничката „You are welcome from Moana“. Тие двајца во видеото се договорени, Џонсон да пее во рап варијанта, бидејќи двајцата заклучиле дека најдобро оди со миењето раце.

На крајот од пораката, им посака на сите да останат здрави и безбедни, а коментарите покрај оваа објава секако беа само позитивни.

Прочитајте и...  Актер од ,,Војна на ѕвездите” почина од коронавирус

Најпопуларно


To Top