Предизборната кампања во Србија веќе започна, а апсолутен хит кој се шири на социјалните мрежи е видеоспотот кој е дел од изборната кампања на Српска напредна странка на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Пораката на видео-спотот е „Србија сега е два часа поблиску до Македонија, Бугарија и Грција“. Спотот е насловен како „Викенд во Грција? Да, возможно е!“, а на спотот е српско семејство кое ќе патува на викенд во Грција.
