Дали немате идеја што брзо да зготвите за вечера? Дали сте обожавател на пица во сите форми? Тогаш оваа рецепта е створена за Вас! Пица ролнички готови за само час и половина! Целосната рецепта следува подолу:

Потребни состојки:
600 g бело меко брашно
2 јајца
1 коцка свеж квасец
150 g маргарин
300 ml топло млеко
1 лажица масло
1 лажица шеќер
1 лажичка оригано
1 лажичка сол
200 g кашкавал
200 g салама (или друг совемеснат производ)
100 ml кечап
Начин на подготовка:
Во млака вода додадете го квасецот и мешајте со жица. Во друг сад ставете го брашното, солта и маргаринот исечкан на парчиња и убаво измешајте.
Во садот со млеко додадете го шеќерот и маслото и едно јајце и убаво изматете со жица.
Потоа млекото и квасецот додадете ги во садот со брашното и маргаринот и замесете тесто. Оставете тестото да нарасне околу 30 минути. Кога ќе биде готово ставете го на набрашнета површина и поделете го на два дела.

Тестото развлечете го во кора и врз неа додадете кечап, салама и кашкавал, или било каков сувомеснат производ.
Преостанатото јајце изматете го со виљушка и премачкајте ги краевите на кората. Потоа свиткајте ја кората во ролат. Повторете ја постапката и со другото тесто.

Готовите ролати исечете ги на парченца со дебелина од околу 3 сантиметри и печете ги во плех обложен со хартија околу 30 минути во претходно загреана рерна на 200°C.
Уживајте и наздравје!
Ако решите да ги направите овие брзи пица ролнички, сликајте ги и објавете ги на Инстаграм или на Фејсбук со таг #publicistmk 😋👍🍕
