Брзиот начин на живот неретко диктира лош распоред на оброците и уште полош избор на храна. Мит е дека не може здраво да се храните на ограничен буџет, особено во лето кога има толку многу достапни здрави и свежи намирници како сезонско овошје и зеленчук.

Овие оброци може да ги подготвите лесно и брзо и да ги понесете со себе на работа и да ја внесете дневната доза хранливи состојки, витамини и минерали што ќе ви дадат енергија во текот на целиот ден.

Појадок: Протеински шејк. Во блендер ставете 2 лажици овесни снегулки, 1 лажица протеин во прав, еден грст зрнесто овошје (малини, капини, боровинки, јагоди) и додадете млеко за да ја добиете структурата и течноста на шејкот по ваша желба. Ставете го шејкот во чаша за носење и правец на работа!

berry yogurt smoothie

Ужина: Не ја прескокнувајте ужината. Грст јаткасто овошје или една круша, јаболко, праска, две-три кајсии или портокал ќе ви ја дадат потребната доза енергија пред пладне до ручекот.

Прочитајте и...  Посна оранж-торта

Ручек: Овој lunch пакет може да го подготвите од дома и да го носите на работа: Испечете во алуминиумска фолија во рерна едно или две парчиња пилешки или јунешки стек што претходно сте ги зачиниле по вкус. Сварете неколку цвета карфиол и брокула, два моркови и малку кељ. Можете да употребите и една третина од готово пакување замрзната мешавина зеленчук. Тоа ќе ви биде прилогот за месото. Ова може лесно да го спакувате во сад со вакуум капак што лесно се транспортира. Ако сте дома, почнете го ручекот со шолја бистра супа од зеленчук.

img 346253

Ужина: Една шолја слатка павлака со ниска масленост измешана со една лажица слатко од јагоди или мала ќесичка пуканки.

Вечера: Салата од два грста варени тестенини, моцарела сирење, шери домати, краставица, босилек и маслиново масло.

makaroni


Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.