in

Прегратки помеѓу лекарите и пациентите: Кина ја затвори последната болница за корона вирус (ВИДЕО)

Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот во кинеската провинција Хубеј, беа затворени во вторникот. Тоа значи затворање на сите 16 привремени болници за заболените од коронавирусот во Вухан.

Вкупно 49 пациенти излегле од привремените болници во вторникот околу 15:30 часот.

Откако беа испратени сите пациенти, медицинскиот персонал прослави пред болницата.

На социјалните мрежи се појави една снимка на која се гледа како лекарите го одбележуваат моментот кога била затворена и последната привремена болница.

Медицинскиот персонал стоеше на скали и додека камерата ги снима еден по еден ги вадат заштитните маски.

На лицата имаат широки насмевки, а некои мавтат и на камерите. Ова видео го опколи светот и собра голем број позитивни коментари.

Прочитајте и...  Меѓу нашинците во Хрватска нема заразени од коронавирус, се очекува 220 граѓани да бидат префрлени со авион во Скопје

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote