Галерија

Прекрасни фотографии од кратер на Марс исполнет со мраз

Европската вселенска агенција (ЕСА) направила неколку неверојатни слики од кратер на Марс исполнет со воден мраз.

Додека присуството на течна вода на Марс се уште е тековна тема за која се покажува голем интерес, знаеме дека има големо количество мраз кое ја обожава Црвената планета – и се тоа изгледа неверојатно, токму како што прикажуваат новите слики од Европската вселенска агенција.

Овие слики го прикажуваат кратерот Королев кој се наоѓа јужно од северниот пол на планетата. Кратерот е исполнет со мраз речиси во текот на целата година.

Како и Земјата и Марс има сезони. Но, за разлика од Земјата на која што во топлите сезони мразот се топи, на кратерот Королев тоа не се случува. Инаку, кратерот е именуван по советски ракетен инженер – Сергеј Королев.

Кратерот е познат како „студена стапица“, која го заробува реткиот марсовски воздух што се движи над мразот. Тој е длабок околу 2 километри и содржи приближно 2.200 кубни литри мраз.

Прочитајте и...  Го запали цел Инстаграм: Облекла хеланки, но исто како да е гола - сè се гледа (18+)

Најпопуларно


To Top