Хотелот Какслаутанен во Финска е еден од највообичаените хотели во светот, а престојот во него дефинитивно е едно искуство кое ќе го паметите и раскажувате цел живот.
Хотелот е село со 20 игла, направени од специјални термо стакла што ја чуваат топлината, а се направени по примерот на традиционалните снежни ескимски живеалишта.
Во стакленото игло, посетителите во топол и пријатен амбиент можат да го гледаат ѕвезденото небо и поларната светлина – Аурора Бореалис.
Хотелот нуди престој од соништа. Дел од содржините се ледената галерија, ледениот бар, капела од лед, најголемата сауна во светот, како и снежен ресторан со ледени столчиња доволно голем за да прими 150 посетители.
Ресторанот секоја година се гради од почеток.