Видео

Преслатко: Делфини им пеат на своите бебиња во стомакот

Истражувањата покажуваат дека делфините ги учат своите бебиња во стомакот да го препознаваат нивниот впечатлив свиреж кој се употребува како средство за идентификување меѓу делфините. Ги учат две недели пред и по раѓањето.

Изгледа луѓето не се единствените што сакаат да комуницираат со своите неродени бебиња.

Новите истражувања покажаа дека женките делфини ги запознаваат своите бебиња со нивните имиња.

Научниците од Универзитетот во Јужен Мисисипи укажуваат на тоа дека мајките ги учат своите бебиња на свирки како дел од процесот на втиснување. Малите делфини ќе создадат свој свиреж, но во првиот дел на нивниот живот ќе го користат оној на нивната мајка.

Ова е прва студија во која мајката пеела во присуство на други делфини, пред и по породувањето.

Научниците ја анализирале бремената женка од парк за животни во Калифорнија, која го родила бебето во 2014 година и го нарекла Мира.

Научниците снимиле 80 часа на звукови на мајката, бебето и други делфини во околината во текот на два месеци пред и по раѓањето.

Звучните снимки покажале дека мајката почнала да го засилува својот свиреж во текот на двете недели пред и двете по раѓањето.
Спротивно на тоа, другите делфини во околината не го произведуваат нивниот свиреж на високи фреквенции во текот на овој период.

Прочитајте и...  Една е МАЈКА: Нејзиниот син има церебрална парализа, а таа за него направи нешто неверојатно (ВИДЕО)

“Делфините во околината се обидуваат да бидат тивки, така што младенчето нема да се сеќава на погрешен свиреж”, изјави Аудра Амес, главен автор на истражувањето.
Откако мајката на делфинот ќе престане да ги произведува звуците, тогаш останатите делфини почнуваат да ги произведуваат вообичаените звуци.

Бебињата делфини почнуваат да развиваат сопствен звук на приближно два месеци старост. Тие обично развиваат сосема различен звук во споредба со другите делфини во околината за да не дојде до забуна.

“Ние видовме дека бебињата кај човекот развиваат тенденција кон гласот на нивната мајка во последниот триместар. Не знаеме дали истото се случува со делфините, но може да биде многу слично “, заклучува д-р Амес.

Најпопуларно


To Top