in

Пресметка со реалноста

Постојано некој од некаде,случајно ќе ме праша од каде ми е инспирацијата за разиграните зборови кои излегуваат од моево перо. Сакам да пишувам, за се она што не опкружува,истото кое ме растревожува,бидејќи тоа е мојот спас. Денес сме овде, а утре можеби не.

Секој ден носи нови животни искуства,една нова епизода од серијата наречена ЖИВОТ.

Денес во современиот модерен свет, свет каде што се е побитно освен чувствата на луѓето, каде што луѓето се заморуваат мислејќи какви чорапи ќе облечат денес,каде што побитни се фотките од нивното разголено тело, отколку една среќна вистинска фотографија, потоа се прашувам зошто сето ова? Зошто сандакот на мртовецот е побитен од еден човек,дали тортата ќе биде чоколадна или овошна? Одговорот го нема. Светот се смени, не очекувам да се промени на подобро, веќе се оди на полошо. Што ни остана? Надеж, љубов и вера во Бог.

Минувам на улица,слушам расправии за тоа каков ќе биде ајварот, и зошто комшиите направиле повеќе отколку другите, минувам во автобус влегува лице со инвалидитет сите го гледаат настрана.

Прочитајте и...  Што ни се сервира за доручек, ручек и вечера?!

Седнувам на кафе слушам за тоа како починал таткото/мајката на некој и сега како веќе таа личност станува “сираче”. Сите нешта некаде заминале, ова не е реален свет.

Општеството и заедницата слободно можат да влијаат врз нашиот живот, и нашите среќни моменти.

Нашата младост се врти околу едно модерно време, што се полни на батерии. Бесмислени стануваат нештата околу нас. Социјалните мрежи се повеќе ни го уништуваат мозокот, ни натрупуваат мисли кои ни создаваат притисок. Сите ние сме луѓе, сите ние сме само хумани битија на овој свет, сите ние заедно треба да создадеме живот без тага и искушенија.

Понекогаш верувам во судбина,има толку тажни приказни кои ме оставаат без зборови, верувам во судбинското да, но знам и свесна сум дека и ние самите ја кроиме самата судбина со нашите дела. Но, тука и не е крајот, ние сите може да направиме грешки за кои подоцна ќе се каеме.

Сакам свет во кој девојките нема да сонуваат за тоа само колку лајкови ќе имаат на една фотографија, колку добро ќе се дотераат за една вечер,ни треба свет во кој сите девојки ќе станиме силни, успешни жени и родители.

Прочитајте и...  Поема за отуѓеноста на една душа заклучена во оклопот на урбаната џунгла

Да помагаме  секогаш кога на некој очајно му треба помош,но да не очекуваме за возврат ништо, бидејќи господ нас ќе не награди со здравје, среќа, љубов, мир.

Драги мои, можеби за некого овој мој текст е смешен, а мојата порака е да создадиме свет во кој нема да постои омраза и злоба. Ние ја имаме моќта да бираме.

Кога емоциите ќе не погодат, зборовите се тие кои доаѓаат сами.

Да се заблагодариме за здравјето што го имаме, за тоа што сме живи.

Можеби немаме парчиња марки на облека, можеби немаме скапи штикли, скап мебел, но добро знаеме дека нашето СЕМЕЈСТВО и БОГ го имаме.

Сања Симјаноска

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote