Една од најдобрите ТВ серии „Преспав“ со специјална вонредна епизода „КОВИД еден без дваесет”.

„Целиот тим работеше на епизодата волонтерски и доброволно, а средствата собрани од маркетинг пораките во епизодата ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за борба против COVID-19“, истакна продуцентот Пеце Талески.
Вонредната епизода ќе може да ја погледнете вечерва, 26 април во 20:15 часот на МРТВ.
