Брачниот пар Ристана и Ванчо Ѓорѓиеви од Охрид 29 октомври 2019 година го запишаа како најсреќниот ден во нивниот живот. Тие на 53-годишна возраст за првпат станаа родители и ги добија близнаците Стефан и Стефанија.

По долгогодишни обиди за потомство, неколку неуспешни обиди, конечно среќата им се насмевнала. Долго време биле во потрага по доктор кој ќе го реши нивниот проблем, сè додека на интернет не прочитале препораки за д-р Слободан Лазаревски од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Пред околу 1,5 година оствариле комуникација со докторот, а на 29 октомври годинава ги добија близначињата.

– Пребарувајќи низ интернет прочитавме многу позитивни искуства што семејствата ги имале соЛазаревски. Решивме да ја пробаме среќата и со овој доктор. Скромен човек, кој не зборува многу, но работи со дела, ете таков е нашиот Лазаревски. Првпат се запознавме во јуни 2018 година, а сега во рацете ги држиме Стефан и Стефанија, вели 53-годишната Ристана.

Прочитајте и...  Македонец победи борец кој изгубил само од Мекгрегор и Холовеј!

По успешната ин витро постапка, бременоста продолжила да ја следи д-р Гордана Петровска.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за