Покрај роботите, игрите со виртуелна реалност и хеликоптер што изгледа како нешто од филмот „Аватар“, на годинешното CES шоу во Лас Вегас, фирмата Kohler сепак го привлече вниманието на посетителите.

За цена од 7000 Американски долари, ВЦ школката Numi 2.0 со вградена Амазон Алекса може да пушта музика, автоматски се отвора и затвора и пушта вода и може „да ве исчисти на начин на кој што луѓето не се навикнати“ – вели Kohler.

Kohler ја претстави надградената верзија на претходната Numi ВЦ школка оваа недела на CES, што исто така вклучува загреано седиште и амбиентално светло за да го „постави расположението“.

„Тоалетот е често посетувано место“ велат од фирмата, „Луѓето својот ден најчесто го започнуваат и завршуваат таму, и ние знаеме дека сите сакаат дополнителен комфорт“.

Од фирмата велат дека некои луѓе сакаат само да влезат и да излезат од тоалетот, но некои сакаат да имаат подобра атмосфера во тоалетот.

Прочитајте и...  Племе од Амазон спаси огромна дождовна шума со победа во тужба против нафтена компанија

„Со тоа што ја имаме Алекса да ги контролира светлата, музиката и звуците, таа може да креира спа искуство во вашата бања“.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде