in

Претставени првите родово неутрални кукли

Компанија „Мател“, која ги создаде познатите кукли Барби, почна да продава „родово неутрални“ пластични кукли.

Целта на компанијата е конечно да се стави крај на сите предрасуди со што треба да си играат момчињата, а со што девојчињата.

Куклите може да се најдат со различни бои на кожата, а секоја може да има кратка и долга коса, во зависност од желбата на децата. Исто така, во пакетот има и облека, вклучувајќи здолништа и панталони, како и различни видови чевли.

Како што напиша „Тајм“, овие кукли се разликуваат од класичните кукли Барби, бидејќи усните не им се премногу полни, нивните трепки не се премногу долги, исто така, немаат гради и немаат широки раменици.

Цената им е 30 долари.

Прочитајте и...  89-годишна баба сплела 450 ќебиња и палтенца за бездомни кученца

Што мислите?

-1 Поени
Upvote Downvote