Македонија

Преземени мерки против полицајците кои се закануваа на социјалните мрежи: „Седете дома клошари“

Министерството за внатрешни работи ги презеде сите неопходни дејствија со цел утврдување на фактичката состојба и санкционирање на наведените сторители.

❗ На една од заедничките фотографии Министерството за внатрешни работи утврди дека станува збор за овластени полициски службеници и против истите согласно законските одредби ќе бидат преземени соодветни постапки од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

❗ Додека пак на фотографијата каде што стои само едно лице, Министерството за внатрешни работи утврди дека не станува збор за полициски службеник, туку за граѓанин за кој веднаш се преземени мерки од страна на ОВР, по извршениот разговор ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно претставување на социјалните мрежи како полициски службеник. – соопштува министерот Чулев.

Прочитајте и...  "Нетфликс" ќе снима тв-серија во Македонија

Најпопуларно

To Top