friends

Гласините за тоа дека главните актери Џенифер Анистон (50), Кортни Кокс (55), Лиса Кудроу (56), Мет ЛеБланк (52), Метју Пери (50) и Дејвид Швимер (53) се враќаат заедно да направат уште една серија, специјал или филм, со години се појавуваат и обично отпосле се негираат. Сега постојат извори кои потврдуваат дека во тек се разговорите со главните актери, заедно со креаторите на серијата Дејвид Крејн и Марта Кофман.

Неодамна Џенифер Анистон отвори профил на Инстаграм, а на фотографијата се сите шест пријатели од серијата. Фотографијата го урна и Инстаграм и рекордот.

Договорот сè уште не е постигнат и спогодбите со актерите и креативците во блиска иднина би требало да бидат постигнати. Разговорите остануваат ветувачки со оглед на тоа што Џенифер Анистон неодамна рекла дека работи на нешто со своите поранешни колеги. Кортни Кокс и Метју Пери исто така неодамна објавија заедничка фотографија.

Култната серија „Пријатели“ својата премиера на Ен-би-си ја имаа 22 септември во 1994 година, а со текот на времето стана една од најуспешните и најпопуларните серии во ТВ историјата.

Прочитајте и...  Што не научија ликовите од „Хари Потер“?

Популарната „дружина“ која ја сочинуваат Рејчел, Фиби, Моника, Џои, Чендлер и Рос ги забавуваше гледачите цели 236 епизоди.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде