Видео

Пријателството помеѓу куче и маче во краткиот филм на Пиксар „Китбул“ ќе ве расплаче

Денес не плачеше? Пушти го овој краток филм на Пиксар и веднаш ќе ти се насолзат очите.

Китбул, во режија на Росана Саливан и продуциран од Кетрин Хендриксон, го следи неверојатното пријателство помеѓу злоупотребуваниот питбул и лесно исплашеното маче скитник.

Овој филм прикажува злоупотреба на животните која што ќе ни го скрши срцето.

„Да бидам искрена, започна со видео за мачка.. сакав да гледам такви видеа кога не бев расположена. На почетокот, сакав да нацртам нешто што ќе направи да се чувствувам убаво, но на крајот го претворив во нешто лично.“ – рече Саливан.

„Растејќи секогаш бев многу нежна и срамежлива и имав многу проблеми со стекнување пријателства. Се поврзав со ова маче бидејќи тоа никогаш не излезе од неговата удобна зона за да не биде рането.“ – додаде таа.

Прочитајте и...  Краток анимиран филм: "На иста страна"

Најпопуларно


To Top