Приказна на една докторка од породилиште: „Знаете докторке, мојот сопруг работи, не пие, секој ден имаме леб на масата и готвиме по нешто, убаво си живееме..“

Ова е приказна на една докторка поради која ќе пролеете солзи:

Влегувам во породилиштето. На породилниот стол млада девојка која има дваесетина години, слаба, испиени образи и темни подочници. Не и се слуша глас.

Сестрата се приближува до мене и ми вели: „Докторке отворена е 6 цм, терминот за пораѓај и е крај на наредниот месец, а бебето е многу мало.“

„Како се викаш?“- ја прашувам.

„Мелиса.“- одговара скоро без глас.

„Од каде си?“- продолжив со прашањата.

„Од тука“- ми вели, „тука се омажив“.

„Добро Мелиса, зошто си толку слаба? Па дали ти воопшто јадеш нешто?“- ја прашувам.

„Да“- одговара накратко. „Добро јадам. Знаете докторке, мојот сопруг работи и заработува, не пие. Многу е добар. Секој ден имаме лебче на масата и понекогаш нешто готвиме. Убаво си живееме, неможам да се пожалам.“

Ме полазаа морници. Крвта ми смрзна. Сфаќам дека е искрена, дека навистина е така. Таа навистина јаде само еднаш дневно и мисли дека тоа е во ред.

„Мелиса имаш ли брат или сестра?“- прашувам.

„Само сестра докторке, ама таа е посвоена во едно семејство. Мајка ми почина млада, татко ми работеше по цели денови и незнаеше што да прави со нас. Јас бев многу вредна, чистев, готвев. Одев на пазар и собирав од зеленчукот што го фрлаа, некогаш фрлаат и добра храна. Еден ден татко ми ми вели- Мелиса ти најдов маж. Го донесе дома. Оди со него- ми рече. Таму ќе ти биде многу подобро отколку тука. И така јас се омажив за него.“- вели.

Прочитајте и...  Обивање на автомобил на косовски начин: Еве како се краде на паркинг во Призрен среде бел ден

„Дали е убав твојот сопруг?“- ја прашувам на шала.

„Добар е“- вели и продолжува да молчи. Самите гримаси на нејзиното лице покажуваат дека не е добро, дека ја боли. Млада жена која ја прифатила реалноста онаква каква што е, тешка, незнаејќи за подобро, немоќна да промени нешто во сопствена корист.

Сестрата ми ги носи резултатите од анализа на крвта. Погледнав кон листот и ми застана кнедла во грлото. Тешка анемија, хипопротеинемија.

„Девојче е, ќе ја викам Амина. Собрав некои работи за неа, ги исправ и испеглав. Како нови се. Имам и пелени. Не лутете се, мислам дека ми е веќе време.“

„Ајде Мелиса, напни.“- и велам и гледам во сестрата. Сите молчиме, немаме зборови, а одвнатре срце ми се кине.

Мелиса не слуша, нејзиното слабо дело дава се од себе, со сета своја сила, и бебето доаѓа на свет. Бебето слабичко, ама преубаво. Плаче. Има црна косичка.

„Душичке, мама е тука. Конечно те дочекав. Дајте ми ја да ја бакнам“- вели.

Прочитајте и...  Марјана си ја отрула свекрвата, па се исповедала кај оџа

Ја зема во раце, ја прегрнува, ја бакнува и плаче од среќа.

„Прекрасна е докторке, преубава е.“

Навистина е.

Ја замолив сестрата да и ги донесе сите нејзини работи. На сестрата и се натажи погледот. Оди и се враќа со една обична најлонска кеса, во неа стара ноќница, една кеса со влошки и сапунче.

„Дали си гладна Мелиса?“

„Не сум докторке, ќе јадам покасно. Мене не ми треба многу.“  И прв пат на нејзиното лице блеснува насмевка.

Излегувам од породилната сала, а пред неа чека еден низок човек.

„Јас сум и сопруг на Мелиса. Дали е таа добро?“- прашува тој.

„Добра е“, велам и го анализирам. Стара износена маица, но чиста, голема тренерка и скинати патики. Рацете груби и со многу рани. Ама Мелиса се породи и бебето е добро, а тој пресреќен.

„Ве молам дајте и го ова“- и ми подава мала кутија со плазма и еден сок. „Нека јаде, треба да дои. И кажете и дека јас ќе дојдам утре пак, сега одам да работам“.

Прочитајте и...  Србин си го убил 24-годишниот брат и во количка го возел низ градот

Си заминав дома полна со тага во градиве. Тоа е реалност, тоа што околу мене се случува. Утредента одам на посета кај неа. Ми се смее. Мириса на сапун, измиена коса и носи чиста ноќница. Го разбира мојот поглед, ме гледа во очи и ми вели:

„Се искапав и исушив. Топло е. Гледајте“- покажува кон масичката до креветот, а таму сокови, наполитанки, бисквити, чоколади,  „ми ги дадоа, ама не ги изедов. Јади Мелиса ми викаа, види како си слаба, а ние дебели.“

Се насмевнав мило и погледнав во собата. Овие прекрасни жени од истата соба се понудиле да и помогнат. Знаеле дека и треба помош и и донеле се, од облека до храна и притоа не ја навредиле во ниеден момент.

Дојде денот за да си замине. Ми се заблагодарува за се што сторив за неа и за работите кои и ги подарив за бебето. „Не сте требале“- ми вели. А не е тоа ништо. Излегува од собата, а тој ги чека надвор. Ги прегрнува, ги бакнува. Ги гали по косите и и дава една ружа. Ги гледам и си мислам, колку е потребно за среќа? Навистина не знам.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.