Случувања

Пример за цел свет: Камикацу станува град без отпад!

Пластика, хартија, метал? Во јапонското гратче Камикацу, селектирањето отпад не е едноставно. Тамошните 1.500 жители секој ден треба да го селектираат својот отпад во 45 различни категории, бидејќи градот постави за цел да има нула отпад во 2020 година.

japanski grad bez smeca 6 991805694

И тоа не е сѐ: во градот не постои комунална служба, туку жителите на овој град во западна Јапонија сами мора да го однесат својот отпад во локално собиралиште.

„Да, комплицирано е, но станав еколошки поосвестен откако се преселив овде минатата година“, вели 39-годишниот Наоко Јокојама.

japanski grad bez smeca 5 931624826

Категориите покриваат буквално сѐ, од перници до четки за заби, бидејќи градот планира да го рециклира целиот свој отпад и ништо да не се гори. Процесот знае да биде напорен, не само поради строгото селектирање, туку и бидејќи некои предмети, како пластични шишиња и кеси, претходно мора да се исперат и исушат.

japanski grad bez smeca 4 190484445

Во локалниот објект за рециклирање постојат десетици различни контејнери за секоја категорија. Ако еден предмет е составен од повеќе делови и материјали, од жителите се очекува да ги растурат и поделат во соодветни контејнери.

japanski grad bez smeca 2 262508960

Во повеќе делови на Јапонија се применува селектирање отпад, но само во неколку категории и голем дел од отпадот се пали. Во 2017 година, Камикацу успеал да постигне 80-отстотно рециклирање на отпадот, додека на национално ниво тоа изнесува само 20%.

japanski grad bez smeca 1 866266716
Прочитајте и...  Синот на Бекам во врска со четири години постара актерка
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top