Македонија

ПРИМЕР ЗА СИТЕ: Триесетина ентузијасти го „светнаа“ Водно

Денес е првиот ден од есента, прв дена од климатските промени и Европски ден за одржливи заедници. Ова беше причина триесетина ентузијасти да ги здружат силите и овој убав сончев ден да го искористат за да направат нешто корисно и позитивно, а се надеваме со тоа да мотивираат и други да го следат нивниот пример.

I Love Hiking Macedonia, заедно со брендовите кои ги поддржуваат и планинарите кои сакаат чиста и здрава средина денес спроведоа еколошка акција за чистење на Водно. Се поминаа три патеки, Олимписка, Новогодишна и патеката асфалтирана покрај сите летниковци. Се собраа број кеси кои ЈП Паркови и зеленила ќе ги дистрибуираат, понатаму.

Тие велат: Знаеме дека не е многу, но е еден почеток на кој ќе нема крај. А, ние додаваме дека ова е и премногу за нашето убаво Скопје и за уште поубавото Водно кое го сакаме сите. Креваме палци и велиме „браво“ за ваквите ентизијасти и за еколошките акции со кои ќе ги разубавиме нашиот град. 

Прочитајте и...  24 новозаболени од коронавирус, вкупно 201 лице

21 септември. Прв ден од есента, прв ден од Климатските промени, Европски ден за одржлива заедница и прва наша еколошка…

Gepostet von I love hiking – group Macedonia am Samstag, 21. September 2019
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top