Дали некогаш сте виделе виолетов компир? Мешавина од јагода и ананас? Ова не е слика на Ван Гог, туку сосема вистински овошја и зеленчук. За да ги видите, не е неопходно да отидете на другиот крај на светот, доволно е само да ја погледнете нашата селекција.
15. Жолта лубеница
Жолтата лубеница е резултат на природна мутација на сорта која потекнува од Африка. Во вкусот доминираат медени ноти и е поблага од обичната лубеница.
14. Виолетов компир
Неговата кора е скоро црна, а внатрешноста виолетова. Оваа боја му ја дава антоцијанинот-растителен пигмент. Високата содржина на скроб ја прави оваа сорта идеална за пире од компири.
13. Мангостин
Белите парчиња овошје, скриени под силна темна кожа, изгледаат како лук. Мангостинот расте во Југоисточна Азија и е комбинација на вкусот на грозје, ананас, јагоди и праска во исто време. Совршено ја гаси жедта.
12. Хала
Ова овојшје е особено популарно на Хаваите, иако го има и во Австралија, Африка и други делови на светот. Ова необично овошје има сладок вкус, а најпознато јадење од него е пудинг. Може да се јаде сурово или варено.
11. Лангсат
Може да се сретне во Азија, најмногу на Филипините. Диво расте во шумите на Суматра. Расте на дрво кое може да достигне височина од десет до петнаесет метри. Кожата содржи атек супстанца која не е отровна, но треба да се отстрани лушпата што е малку потешко. Дава одличен плод со тоа што дваесет годишно дрво, носи принос од околу 100 килограми. Ова овошје е округло со дијаметар околу 5 сантиметри и има сладок вкус.
10. Momordica cochinchinensis
Овошје од семејството тикви. Нема многу убав вкус, но овошјето се смета за лековито во ориенталната медицина. Има антисептички, анти-фебрилни и антиинфламаторни својства. Го има на во Виетнам, Тајланд…
9. Мартило
Од шпански – Мартило , името на ова овошје може да се преведе како „чекан“. Ова е лотос цвет. Тестенини се подготвуваат од неговите семиња за кинески и јапонски десерти, како и за подготовка на супи. За време на кинеската новогодишна прослава, тие се служат во форма на сируп како традиционално частење. Во Колумбија, Мартилото се смета за улична храна: семето се јаде свежо.

8. Јангмеј
Овие бобинки се нарекуваат кинески диви јагоди и честопати се користат за правење пијалоци или се јадат свежи. Имаат сличен вкус на јагоди и тешко да ги сретнете надвор од Кина.
7. Пуласан
Пуласан честопати се меша со рамбутан: визуелно тие се многу слични.

6. Бакури
Расте во Бразил и Парагвај. Овошјето наликува на портокал во големина. Има леплива текстура и кисел вкус со слатки ноти.
5. Питанга (Суринам цреша)
Суринам цреша е егзотично растение од земјите од Јужна Америка, што подеднакво успешно може да расте и во градина и во собни услови. Позната е по високата содржина на витамин Ц.

4. Златен барел кактус
Плодовите на овој кактус надворешно личат на ананас, а по вкус се нешто помеѓу киви и лимон.
3. Кактус Сагуаро
Распространет е во Аризона. Неговото овошје се јаде.
2. Пепино
Ова чудно овошје се нарекува и слатка краставица. Расте во Чиле, Перу и Нов Зеланд. Вкусот на пепино е сличен на диња, манго и јагода. Најчесто се јаде сурово или се додава во салати.

1. Слива јава
Го има во Индија, Шри Ланка, Африка и некои земји од Океанија. Ова слатко и кисело овошје може да се конзумира свежо и да се користи за правење шербет, сирупи и желе.

БОНУС: Овошје вештачки создадено од чоевкот
Атемоја
Одгледани вештачки во САД. Плодот изгледа како зелен конус со вкус на манго и ананас. Месото наликува на павлака и се топи во устата.
Бели јагоди со вкус на ананас
Одгледани се во 2010 година во Холандија, имаат бело месо и црвено семе. Хибрид се на две сорти јагоди. Поради вкусот кој потсетува на ананас, јагодите во Англија се нарекуваат „пајнбери“ (pineapple – ананас, strawberry-јагода)

