Галерија

Природен феномен со навистина слатко име – приказна за Чоколадните ридови

Иако поголем дел од годината се покриени со густа трева, кога настапува периодот на суша, ридовите на филипинскиот остров Бохол стануваат чоколадно кафена боја. Ги има преку 1000 и се наоѓаат во една голема рамница, а гледано одозгора, неверојатно потсетуваат на отворена чоколадна бонбониера — по што го добиваат и името – чоколадни ридови.

Постојат неколку легенди поврзани со настанувањето на овие ридови. Во едната се зборува дека тука се бореле двајца џинови, при што се гаѓале со камења. Кога завршиле со борбата, зад себе оставиле поле со камења – денешните чоколадни ридови.

Другата зборува за џинот Агра кој бил заљубен во смртната Алоја. Бидејќи не можел да бидe со неа, се расплакал, а солзите денес се овие ридови.

Науката кажува дека ридовите се слични на ридовите што се наоѓаат во Словенија, Хрватска, и во северните делови на Порто Рико и Куба.

Прочитајте и...  20 фотографии после кои ќе си помислите „Сега видов сè"

Важен историски настан за Филипинците, кој се случил на овие ридови, е еден од 1565 година. Тогаш, на ова место, бил склучен првиот договор помеѓу Филипинците и Шпанците.

Тогашниот поглавар Дату Сиктатуна и претставник на шпанскиот крал Филип втори, го запечатиле договорот „со крв“, односно испиле по една чаша вино во кои двајцата капнале по капка крв од нивните раце. Во чест на кралот Филип, Филипинците го презеле тоа име, кое го имаат и денес.

Најпопуларно

To Top