
Потребни состојки:
1 кг. лимони
1 кг. цвекло
1 кг. моркови
Лимоните, се мијат и се цедат, а кората ситно им се сецка и се меле во машина за месо.
Цвеклото и морковите се мијат, се сецкаат и се мелат во машина за месо.
Смесите од лимоните, цвеклото и морковите, освен сокот од лимон, се мешаат и се оставаат 5 часа да отстојат.
Потоа, смесата се процедува и во исцедокот се додава сокот од лимоните, се додава 2л вода и добро се промешува.
Се собира во стаклени тегли или шишиња и се чува во фрижидер. Се пие една чаша дневно.
