Македонија

Приведен 61-годишен тетовец за полов напад на малолетно девојче

Жител на Тетово на возратс од 61 година е лишен од слобода во врска со пријавениот полов напад врз малолетно девојче од 25 февруари, соопшти денес СВР Тетово. Осомничениот е приведен денес околу 15 часот на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово.

Полициски службеници го лишиле од слобода 61-годишниот тетовец во врска со половиот напад на малолетно дете кој во СВР Тетово е пријавен на 25 февруари. Извршен е претрес во неговиот дом и се преземаат мерки и активности за документирање на случајот кој го координира обвинител од тетовското обвинителство, информираат од СВР Тетово.

На 25 февруари, случајот го пријавил 26-годишен жител на Тетово, инаку очув на девојчето, додека пријавениот полов напад се случил во понеделникот 24 февруари.

Прочитајте и...  Македонски девојчиња од „Арт Балет“ победија на натпревар во Москва (ВИДЕО)

Најпопуларно

To Top