Приведени подметнувачите на пожарот во Велес

Од МВР за Курир потврдуваат дека се приведени четири лица, кои се сомничат за подметнување на пожарот кој попладнево се случи во близина на велешкото езеро.

Неофицијално дознаваме дека четворицата осомничени пожарот го подметнале така што работеле со алат кој предизвикал искри и запалил дел од тревата.

Осомничените пробале да го изгаснат пожарот, но поради ветерот пожарот се проширил и настанал вистински хаос.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Пожарот во Велес снимен од бродот
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде