
Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, министерот Наќе Чулев соопшти дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување.
За конкретниот настан и преземените мерки известено е Основното јавно обвинителство.
