Приведено 17-годишно момче од Велес кое се обидело да изврши обљуба врз малолетничка

Приведен малолетник од Велес, кој вчера се обидел да изврши обљуба врз девојче, но не успеал. Случајот во полиција го пријавила, 36-годишна жена од велешко село, мајка на девојчето. Според нејзината изјава, вчера околу 13 часот во селото, 17-годишен малолетник се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка, но не успеал.

Rape

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, за  настанот бил  известен јавен обвинител и надлежните од  Центарот за социјални работи од Велес.

-Малолетникот е приведен и задржан по полициска станица. Се работи на расчистување на случајот, информира Додевски.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.