Македонија

Продолжуваат хуманите акции на Книгохоличари – донирани 54 книги на одделот за Онкологија

Членовите на неформалната група Книгохоличари подготвија уште едно убаво изненадување, овојпат за пациентите на одделот на Онкологија.

Вчера членови на групата Книгохоличари донираа 54 книги на одделот за Онкологија.

„Наш претставник на групата беше нашиот најмлад член Книгохоличар, кој неуморно се трудеше да ги донира книгите. Тука не застануваме, повторно ќе донираме уште една пратка за Онкологија, и ќе го прошириме кругот со донации во повеќе старечки домови за да им донираме книги на болните од Алцхајмер“ – пишува Вики Петровска, член на групата Книгохоличари

Прочитајте и...  Креативни идеи за потполнување на празнини на полиците за книги за секој библиофил! (ГАЛЕРИЈА)

Најпопуларно

To Top