Случувања

Проговори таткото на Влатко Илиевски: Во подготовка цеде „Најдобро од Влатко“ и монографија

„Најдобро од Влатко“ ќе биде насловено цедето со необјавени песни од Влатко Илиевски кое наскоро ќе биде издадено. Се подготвува и монографија која ќе ја работи новинарот Иван Бечковиќ во која ќе бидат опфатени поважните моменти од неговата кариера.

Ова во интервју за весникот „Нова Македонија“ го откри Драган Илиевски-Вршац, таткото на прерано починатиот актер, пејач и музичар.

Признава дека и по нецели две години од трагедијата, за него сѐ уште е болно и многу емотивно да зборува за својот син.

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во Скопје – Kurir.mk

Реакциите на неговата појава беа бурни. Многумина велеа дека тој изгледа како да не е од оваа планета. Освен со својата убавина, тој допираше до луѓето и со својата добрина. Никогаш за никого не сум го слушнал да каже лош збор – вели Илиевски.

Тој открива дека по иницијатива на неговите најблиски соработници, меѓу кои се Владимир Дојчиновски-Дојчин, Ристо Самарџиев и членовите на групата „Морал“, се подготвува и настан со работен наслов „Пријателите за Влатко“ што би требало да прерасне во традиција.

Прочитајте и...  Авторката на музиката за „Џокер“ е првата жена номинирана за „Оскар“ во таа категорија(ВИДЕО)
Влатко Илиевски knocks on a heaven`s door - 7дена.мк

Овие концерти треба да нѐ потсетат на радоста и позитивната енергија што Влатко ги ширеше околу себе. Секаде каде и да се појавеше, и тука и во странство, се менуваше целата атмосфера. Имаше харизма и допираше до луѓето. Јас одев на сите негови концерти и, се разбира, бев многу горд на сѐ што постигна – раскажува Илиевски.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

Најпопуларно

To Top