Македонија

Промотивен концерт на Туна во Македонска филхармонија

Алтуна Сејдиу – Туна, име што веќе е познато на сите генерации љубители на забавната музика, по извесно затишје, како што уметниците го нарекуваат „креативна тишина“, овојпат за посветеност на семејството, се враќа со концерт во Македонската филхармонија на 8 март, во 20 часот во организација на Културно информативен центар-Скопје (КИЦ).

Со овој концерт пејачката одбележува две децении кариера и посветеност на музиката. На концертот таа ќе го промовира својот албум „Фортуна“, а ќе изведе и избрани песни што се паметат и што публиката сака да ги пее. Туна издаде неколку албуми од кои се издвојуваат хитовите: „Да живееме“, „Чао мачоман“, „Пироман“, „Туна“, „Нема веќе диктатура“, „Тестамент“, „Психолози“, „Женска сила“, „Инат“, „Сакаме“ и др. кои ќе бидат дел од програмата на претстојниот концерт. За време на своето дведецениско присуство на музичката сцена таа ги зазема концертните подиуми во својата и надвор од земјава, нејзината музика се искачи на врвот на топ-листите.

Прочитајте и...  Лекарите открија зошто дебелината го зголемува ризикот кај заболените од коронавирус

Најпопуларно


To Top