marsh sharri kodra e diellit
marsh sharri kodra e diellit

Преку протестен марш, активисти од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, се спротивставија на изградбата на хидроцентрали во селото Лешница, тетовско. Тие од властите побараа итен прекин на работите.

Бараме од сите институции итно да ги прекинат сите незаконски работи во делот на хидроцентралите. Тие хидроцентрали немаат се уште комплетна техничка документација. Сечењето на дрвјата и отворањето на новите траси е големо, се се уништува. Денеска праќаме порака до сите и гледаме што се случува горе. Оваа болест ја опфатила целата територија на шара во Косово, Македонија, Албанија. Треба да има детална анализа и да се прекинат сите интервенции”-изјави Хамди Сулејмани, иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.

„Денес, заедно со сите овие млади луѓе, собрани сме да маршираме кон Лешница и да и кажеме „не“ на изградбата на хидроцентралите. Изградбата на хидроцентрали не носи економско добро за жителите на ова село.“

Хидроцентралите се болест која ги зафати Македонија, Косово и Албанија и мораме да кажам дека нема компромис. Ги уништија реките, ја уништија природата.“

Од Национални шуми, сечата и отворањето широки патишта во висорамнините го правдаат со планот за работа за периодот 2019-2028 година.

Одговорно тврдам дека ЈП Национални шуми и јас како директор работиме според 10–годишните планови за стопанисување со шумите, кои се донесени од ресорното министерство за земјоделство. Дрвната маса е наменета за испорака на фирми со кои Национални шуми соработува според однапред склучени договори”-рече Зоран Ѓорѓиев, директор на Национални шуми.

Што се однесува до изградбата на хидроцентралите, од Национални шуми велат дека „тие не се во нивна надлежност и дека немаат никаква врска со нивната евентуална изградба“.

Прочитајте и...  На бебе во Македонија му ја направија најтешката и најкомплексна операција на срце (ФОТО)

Извор: АлсатМ

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за